about

Сојуз на Синдикати на
вработените на УКИМ – ССУКИМ

30+

придобивки од членството во ССУКИМ

40%+

од сите вработени на уким

27+

единици на уким

За ССУКИМ

Синдикатот на вработените во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје е самостојна, демократска, независна и непартиска организација во која нејзините членови доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.

За ССУКИМ
Зошто членство во ССУКИМ?

Синдикатот делува заради:

  • обединување на членовите на Синдикатот, заради подобрување и заштита на нивните права и интереси гарантирани со Уставот, законите и колкетивните дговори, без оглед на нивнат политичка, расна, верска или национална припадност, пол, брачна состојба, социјално потекло, имотна состојба или општествена положба
  • преговарање и склучување на колективни договори,
  • борба за слободна, демократска, правна и социјална држава и достоинство на професијата,
  • утврдување на цената на трудот и другите услови на работа, достојни на човекот,
  • осигурување на право на работа и непрекинато заработување,
  • организирање на членовите и остварување на правото на штрајк,
  • доделување на неповратна материјална помош како и безкаматно кредитирање на членовите, и
  • остварување и на други потреби кои ќе произлезат како иницијатива на членовите на Синдикатот.